13.8 C
Skopje
Wednesday, May 21, 2025

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ НА ОНКОЛОГИЈА: Уапсен Нино Васев, поранешен директор

По кратка потера уапсен е поранешниот директорот на Клиниката за онкологија и радиологија од комплексот „Мајка Тереза“, Нино Васев.

Тој бил еден од лекарите кој утринава не бил пронајден при претресот на полицијата и обвинителството во оваа клиника, известува Фокус.

Васев е приведен во полициска станица по налог на обвинителката која го води предметот за кражба на цитостатици
Последните информации говорат дека тој бил пронајден некаде низ клиниката и му било навестено дека е лишен од слобода.
Претреси се направени и кај Н.Н., и Е.Џ, а медиуми тврдат дека полицијата утрово влегла кај вкупно осум лица кои се опфатени во истрагата за злоупотреби во Клиниката за онкологија. Одземени се телефони, компјутери, документација.

Има и лица кои се недостапни за органите на прогонот.

Полицијата не успеала да ги лоцира на адресите кои ги дало Обвинителството.

поврзани објави

     

Последни објави