3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Опозицијата во Русија плаќала деца да одат на протести

Организаторите на антикорупциските протести во околу 100 градови во Русија беа овбинити за плаќање на деца за учество на протестите со цел за поголема масовност.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитри Песков истакна дека протестите се нелегални, затоа што организаторите ги натерале демонстрантите да прават „нелегални активности“.

Главниот опозициски противник на Путин, Алексеј Навалин беше казнет со 350 долари поради организирање на нелегален протест. Наскоро се очекува и втора пресуда за него, а покрај паричната, можна е и казна затвор од 15 денови.

Огромен број на луѓе учествуваат на улиците, а според дел од организаторите во Москва биле уапсени и околу 1000 активнисти.

поврзани објави

Последни објави