Потпретседателката на СДСМ и воедно пратеничка на оваа партија, Радмила Шеќеринска на својот официјален фејсбук профил напиша статус на кој порача дека ВМРО-ДПМНЕ веќе се распаднува, воедно и сами на себе си реплицираат.
ДПМНЕ веќе се распаднале: немаат Пратеничка група, сами себе си реплицираат, го влечат изборот на комисијата која сами ја бараа, а Грујо пак им избега на плажа.
Posted by Radmila Sekerinska on Monday, March 27, 2017
По долга меѓусебна дебата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, токму Шеќеринска побара можност за збор, каде истакна дека додека пратеничката група го брани криминалот на Никола Груевски, тој патува на Малта и приморува македонски амбасадор да го пречека на највисоко ниво.
Нашата одлука е Македонија да не тоне во оваа криза, којашто вие ја посакувате.
Posted by Radmila Sekerinska on Monday, March 27, 2017