13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Д-р Стојменовски: Фронт во преместување на работни позиции и деградација на обичниот работник

Фронт во преместување на работни позиции и деградација на обичниот работник!

Техничка влада и соочување со силен притисок и страв од она што следи. Изминатиов период бевме сведоци на исти кандидати пријавени на ист оглас за 5 работни места, и тоа со 3 различни изјави за етничка припадност, во зависност од тоа како се барало според огласот. За едно работно место пријавен Ром, за друго Турчин, за трето Македонец.

Како нашиот систем функционира во државата и овозможува луѓето да се понижуваат, да се запишуваат тоа што не се само да дојдат до парче леб. Ова е политичка одлука за која громогласно кажувавме, да се укине заедно со бирањето на работни позиции на роднините на функционерите.

Без соодветен записник за бодирањето и рангирањето, без интервјуа, но со креирани нови работни места пред распишување на огласите… Процесот на непотизам во државните и јавни институции тече беспрекорно.

Фаворизам и клиентелизам при вработувањата со оглед на високото дискрециско право кое го имаат лицата на највисоките раководни места во претпријатијата е повеќе од трагедија. Тоа значи дека е нарушено уставното загарантирано право за живот, како и темелните вредности на македонскиот Устав, а тоа е хуманизам и солидарност.
Целата ужасна состојба во нашата држава не може да биде резултат на дејство на едно лице. Целото владино раководство е една ‘пајакова мрежа’, која уништи цел еден народ.

Само добро организиран сиџир, во кој алките се поврзани „од долу до горе“ – од инволвирани хигиеничари па се до раководство скоро во сите јавни и државни сектори доведува до милион прашалници. Што се случува во државата ? Колкав замав зела деградацијата и трансформациите на решенијата на поединци?

Добар пример за случајот ‘Онкологија’, од Обвинителството беа воздржани за каква било информација, со оглед дека допрва ќе се истражува содржината од одземените клинички и приватни компјутери, како и други евентуални докази. – поголем доказ за одземање и уништување на предмети и докази за обичниот народ досега и не постоел. Криминал…прикривање…одземање и уништување на докази до енормност!
Ги гледаме и примерите на суспензии на одредени личности, каде по шест месеци се вратени на работа по сила на закон, бидејќи во тој период немало судска пресуда. Но каде се вратени? На истото место каде што го сториле делото за кое се осомничени?! – Тоа е исто како да ставите волк да ви го чува трлото кое претходно го нападнал.
Корупцијата е нашето секојдневие, но тоа наше секојдневие доведе до геноцид на еден народ. Време е да го исклучиме светлото и да се рестартираме како држава. Време е за свест и самокритичност и за безбедна и економски стабилна држава.

поврзани објави

Последни објави