13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ИМАМЕ МНОЗИНСТВО ДА ГИ РАЗРЕШИМЕ МЕЏИТИ И АЛИУ Спроведуваме одлука на партиските тела, вели Зијадин Села

Пратеникот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави денеска дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу.

– Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што тие го видоа како одлука на Алијансата за Албанците – рече Села.

поврзани објави

Последни објави