7.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Меџити и Алиу до Груби: „Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќам дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста!“

Меџити и Алиу до Груби: „Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќам дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста!“

Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија исти реакции до вицепремиерот Артан Груби, кој ноќеска по нивното разрешување им порача на граѓаните добра ноќ и да спијат мирно бидејќи Али Ахмети се грижи за сите нас.

На ова Меџити и Алиу посакуваат добро утро.

„Артан Груби во силна вознемиреност ни се заканува на Фејсбук, откако ја разреши АА од Владата, ни порачува „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се погрижи за се… Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата. Сфаќам дека ти е крај, но барем покажи ја машкоста на крајот! И…отворете го календарот…видете 8 мај! Затвори…многу многу блиску! ПРОМЕНАТА ЗАПОЧНА!“, напишаа Меџити и Алиу.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -