13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ковачевски од позиција на претседател на партија вели: Министрите ќе предложат – замената на возачките до крајот на годината да бидат бесплатни!

Би искажал жалење за она што граѓаните го поминуваат. Мора да се биде реален. Не е едноставно да се нема патна исправа. Тоа е процес кој мора сите заедно да го изодиме. Бевме сведоци изминатите четири години, дел од политичарите кажуваа немојте да ги менувате документите ќе го вратиме името. Сега гледаме дека тие политичари станаа дел од Владата и не велат дека ќе го вратат името назад и дека ќе го сменат Уставот. Таква изјава не слушнав“, вели лидерот на СДСМ.

Нашите министри денеска на Влада ќе предложат решение со кое замената на возачките дозволи до крајот на година ќе биде бесплатна, на трошок на државата, за да може и тој процес да се реализира како што треба. Се работи за голема операција за замена на личните документи, што произлегува од Меѓународен договор, ратификуван во нашето Собрание, но и во Собранието на Грција, врз основа на кој ние станавме земја членка на НАТО и врз основа на кој ги отпочнавме преговорите со Европскта Унија.

Ова денеска на средба со Здружението на пензионерите го најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, надевајќи се, како што рече, дека Министерството за внатрешни работи со сите свои управи, ќе успее да обезбедат навремено снабдување на обрасци за патните исправи, зашто и тоа е сложен процес, зашто тие не се произведуваат во нашата држава, туку во Германија.

– Би искажал жалење за она што граѓаните го поминуваат. Мора да се биде реален. Не е едноставно да се нема патна исправа. Тоа е процес кој мора сите заедно да го изодиме. Бевме сведоци изминатите четири години, дел од политичарите кажуваа немојте да ги менувате документите ќе го вратиме името.

Целиот текст прочитајте го на изворот 360 степени – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави