Во анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) за Македонската радио телевизија направена за емисијата Објектив, покажува дека во ИЕ 3 и ИЕ 4 каде што ќе се води битката на македонското гласачко тело, убедлива победа ќе освои ВМРО-ДПМНЕ.
Во ИЕ 3 тој што ќе биде на 7-то место на листата на СДСМ треба да се плаши дали ќе влезе во Парламент.
Во победа на ВМРО-ДПМНЕ веруваат 32,8% од гласачите, а за СДСМ 14,8%, за Левица 3,9%, за ЗНАМ на Максим Димитриевски 3,5% од гласачите, додека околу 20% не се изјасниле.
Во четвртата изборна единица која важи за бастион на Заеви, победа на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат 36,4%, на СДСМ само 7%, за Левица 3,1%, за ЗНАМ 2,4%, а не се изјасниле 36,9%.
За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 30,4%, за СДСМ 16,9%, 3,7% за Левица и 2,6% за ЗНАМ.
Целата денешна емисија Објектив можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК
Претходната недела беа анализирани мислењата на граѓаните за изборните единици 2 и 6.
Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата е речиси со двојна предност пред кандидатот за претседател од владејачката СДСМ покажува најновата анкета на Институтот за политичко истражување Скопје која беше вчера презентирана во емисијата Објектив на Македонската радио телевизија.








