13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

И Села го разреши Таравари – кулминира играта на тронови во Алијансата

И Села го разреши Таравари – кулминира играта на тронови во Алијансата

И Села го разреши Таравари – кулминира играта на тронови во АлијансатаОбјавено пред 5 минути – 18 февруари, 2024Од Елена Тарчуговска

На вториот конгрес на поделената Алијанса за Албанците, партиското крило одлучи да го реизбере Зијадин Села за претседател, и да го отстрани од челната партиска позиција актуелниот лидер, Арбен Таравари.

dobivaj vesti na viber
Во петокот, пак, на вонреден конгрес крилото предводено од Таравари, ја укина функцијата претседател на Собранието на партијата која ја извршуваше Села. Тогаш, Таравари беше реизбран за претседател на партијата.

Расколот во Алијансата се случи откако Тараври најави заендичко учество на изборите со опозициските партии од албанскиот блок, додека Села се залагаше за самостоен настап.

Таравари веќе ја објави својата кандидатура на претседателските избори и го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се кандидира за да си ги измерат силите.

поврзани објави

Последни објави