6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е на конгрес на Малта, а СДСМ да каже зошто Заев не се појави пред Обвинителството

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е во работен престој на Малта и заедно со партиска делегација ќе учествува на конгрес на Европската Народна Партија каде присутни ќе бидат функционерите од политичкиот естаблишмент на Европската Унија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Одговарајќи на прашањето на СДСМ зошто тој не е во Собрание, туку во странство.

„СДСМ и медиумите под контрола на Бихаќка со емитувањето на лажни вести, покажуваат невидена нервоза. Уценетиот аболициран криминалец Зоран Заев и криминогеното раководство на партијата се целосно разобличени пред граѓаните. Единствено што им преостанува преку проѕирни лаги и манипулации да дефокусираат од вистинските теми како што е прифатената Тиранска Платформа со која сакаат да ја редефинираат државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа го запрашаа СДСМ да одговори зошто денес Заев по којзнае кој пат одбегна и одби да се појави пред обвинителството, успорувајќи ја правдата и вистинските одговори за сомнежите за криминално и незаконско финансирање на партијата.

поврзани објави

Последни објави