Колумна на Д-р Николчо Стојменовски
Кај бевме тогаш? Кај сме денес? Кај ќе бидеме утре?
Секој пат кој е вистински и праведен е тежок пат. Секој пократок или полесен пат најчесто е крив пат. Ова не е фигуративна филозофија туку вредност која најчесто им се случува на праведните. Патот на Македонија кон ЕУ е тежок и трнлив. Со сигурност тврдам дека таков пат изоделе и други членки на ЕУ. Компромисите помеѓу Франција и Германија, Германија и Полска, Италија, Чешка, Словачка после втората светска војна која однесе помеѓу нив милиони животи. Во поново време помеѓу Словенија и Хрвтска мачен беше нивниот територијален спор. Тогаш од нивна преспектива ова беа болни и мачни прашања кои успеаа да ги надминат, а од наша преспектива тогаш не ни беше важно за нивните предизвици. Така е денес, на некои членки не им е важна нашата болка.
Секоја планина има своја тежина, но нашиот пат поминува навистина низ многу планини и нови стрмни патеки..Изгледа по овој пат има некои нови непредвидливи услови. Ако се сеќавате Македонија беше во група со Словенија и Хрватска, а Бугарија зад нас, но што се случи? Зошто чекаме премногу во чекалната?
Кај бевме тогаш, каде сме денес, а каде ќе одиме утре? Каде се денес Бугарија, Словенија и Хрватска во квалитетот на живот ( образование, здравство, економија и земјоделие) пред нас?
Местото на Македонија секако е во ЕУ, а ЕУ е концепт со огромен потенцијал за развој на секоја земја. ( не случајно Кина се бори за овој пазар и не случајно Германија ја симна Јапонија од 3 место во светот по економска моќ).
Сите состојби во дражавата, лошата економија, разрушен здравствен систем, лошо земјоделие ,висока корупција, судство, правда и борба со корупција со 1% доверва, лошата инфраструктура, слабата социјална политика, недоволни странски инвеститции, непредвидливата работна средина за младите, партизацијата се индикатор за лош извештај на ЕУ што ни се посочува последните неколку години.
Европа во ниту еден случај во својот клуб не прима неподготвени или системи со нотирани вака лоши политики и состојби кои можат да се прелееат и во ЕУ.
ЕУ е институција или систем концепиран со различни вредности, традиции и култури со меѓусебно почитување и вреднување ( она што во Македонија секогаш било одлика) Едноставно прогрес и перспективност. Систем со многу иновации и технологии.
Преку некои мои лични примери за време на моите студентски денови сакам да ги споделам искуствата за одредени држави како пример каде сме денес ние, а каде они. И што прави заедништвото.
Студирав во Бугарија, денес замја членка на ЕУ.
1. Кога присуствуваме на вежби на факултет и кога ќе имаше некои матријали за копирање за темата која беше предавана ќе речеше асистентот ова да копира, сите да го имаат.
Нашите групи беа со колеги од повеќе држави, кога ќе одеше некој ги копира дали македонец, грк или турчин …ќе ги донесеше и ги поделешe на сите колеги.
Кога ќе одеше бугарин муабетот беше (ти ми должиш 6 стотинки) за листовите.
2. Колешка од Украина пред да почне со факултетот, од дома и кажале цитирам
“Ќерко знаеш каква е финансиската состојба, се што имаме е кравата, ќе ја продадеме и ќе ти ги дадеме парите, а понатаму ти снаоѓај се,,
3. Една вечер требаше да земеме еден учебник од наши колеги и комши каде што живеевме, беа молдавци по националност.
Влегуваме тој ден кај нив и тие и само што ја приготвиле вечерата, сиромашни но со широко срце и душа, не поканија да вечераме со нив , а за вечера излупен и испражен сончоглед, недоволен дури и за нив.
Повторно прашувам кај бевме тогаш, каде тргнавме денес, а кај ќе одиме утре?
Бугарија веќе е далеку пред нас, Украина и Молдавија чекаат кандидатски статус, и ако ние останеме каде што сме денес, ќе не поминат и тие.
А, Македонијо каде си ти? Сите овие земји учеа од тебе, а денес веќе се членки на ЕУ?
Ова е црвен аларм и неодржлива и недозволива состојба. Македонија се празни и распаѓа пред наши очи. Ова е болка која разорува.
Секако дека има светлина во тунелот, постои позитивна енергија, постојат спремни млади луѓе кои сакаат да се борат.
Доаѓа денот, Доаѓа новото време кое ќе донесе нови вредности и нови развојни политики кои ќе донесат благосостојба.
Македонија ќе има светла иднина.
Македонија мора да успее и ќе успее
И, Делчево ќе успее. На крај сите ќе успееме.
Бидете подготвени и оптимисти.
Со почит,
Др Никола Стоjменовски