Али Ахмети носи голема вест“, беше постерот кој пред неколку дена стана вирален на социјалните мрежи, а масовно го споделуваа поддржувачите на Демократската унија за интеграција.
Сепак, денеска беше објавен датумот и времето кога претседателот на ДУИ, Али Ахмети ќе ја соопшти оваа голема вест.
Утре, четврток, во 11:00 часот преку директно вклучување на Фејсбук, Ахмети ќе ја соопшти големата вест.
Информацијата ја соопштија функционери и активисти на ДУИ на социјалните мрежи.
Дали ќе биде објавен кандидатот за претседател или носителите на листи или пак дали тоа ќе биде соработка со СДСМ останува да видиме.
Инаку и претходно се случувало на ваков начин функционерите на ДУИ да најавуваат настани. Слично беше и со „тој доаѓа“ кога вака помпезно го најавија доаѓањето на Ахмети на митинг во Чаир.