-0.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р СТОЈМЕНОВСКИ: Граѓаните на Делчево чувствуваат во каква бездна тонеме, на овие избори ќе се избориме за подобар живот во Делчево!

Разговарaме со Д-р Николчо Стојменовски, ветеринарен доктор и човек кој како кандидат за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, кој со оглед на поставеноста на ОО СДСМ Делчево, на локалните избори 2021 година освои максимален број на гласови и помогна за подобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

ПОГЛЕД: Г. Стојменовски, бидејќи во најавата спомнавме дека покрај ветеринарен доктор сте и човек кој професионално влезе во политичкиот живот во Македонија, да го започнеме ова интервју со прашањето за 2021 година кога Вие решивте во една комплексна состојба да влезете во политиката и да се обидете да помогнете на вашата матична партија ВМРО-ДПМНЕ да дојде до победа на локалните избори со противник кој што реално гледано во тој период беше значително посилен на локално ниво од вашиот политички субјект. Од денешна перспектива, кое е вашето мислење за она што се случуваше, дали вашиот противкандидат Горан Трајковски ја оправда довербата?

– Не би го коментирал споменатото лице кој што не го почитуваше кодексот што сме го потпишале пред целата јавност, која многу добро знае каков човек сум јас и приватно, но и професионално.

ПОГЛЕД: Можеме да видиме дека вашата политичка активност продолжи. Покрај тоа што секојдневно си ги извршувате обврските како ветеринарен доктор, пишувате колумни и го критикувате системот, но и директно преку партиски активности учествувате во политичкиот живот во Делчево. Дали тоа значи дека амбициите на Д-р Стојменовски не застанаа во 2021 година и сметате дека во иднина можете да придонесете повеќе во политичките процеси во Делчево?

– Од денешна перспектива за она што се случуваше беше тешка битка со огромни притисоци од сите страни. Тоа беше тешка борба имајќи предвид дека настапивме и од позиција на опозиција. Сметам дека и покрај поразот, освоивме одличен резултат со оглед на тоа што знаеме какви се притисоци беа извршени врз мене како кандидат, но и врз тимот со кој заедно работевме. Секој пораз е сила за нови победи. Тоа е мотив за секој поединец во ВМРО-ДПМНЕ, но и за секој граѓанин и жител на Делчево кој чувствува на своја кожа во какво општество живееме. Граѓаните знаат и чувствуваат во кое време подобро се живееше, гледа секојдневно во каква бездна тонеме со оваа власт, и тоа ми дава верба дека токму на овие избори граѓаните и во Делчево ќе го следат примерот на нашите сограѓани од другите градови и ќе извојуваме заедно една голема победа за подобар живот на сите Делчевчани, без разлика на партиска, верска или национална припадност.

ПОГЛЕД: Кратко прашање: Нашите информации говорат дека во Делчево ќе има интересна внатрепартиска битка за кандидати за пратеници и од СДСМ, но и од ВМРО-ДПМНЕ. Дали можеби и Вие имате амбиции да го претставувате Делчево во македонскиот парламент?

– Видете, јас докажав и покажав дека не сум човек кој се плаши да влезе во борба и кога е најтешко. Тоа го покажав и докажав кога веројатно многумина би се запрашале дали би сакале да влезат во дуел со власт која настапува онака како настапува локалната власт во Делчево. Оттука, би сакал да нагласам дека не само јас, туку и многу други мои сопартијци сме тотално растеретени во однос на тоа кој би бил кандидатот за пратеник од партијата. Напротив, сметаме дека најважното е да имаме квалитетен кадар кој може силно да одговори на предизвиците кои доаѓаат до изборниот ден и личност која ќе може да обединува и да придонесува за што поголема победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори.

Kако Ви изгледа еден работен ден како ветеринар?

– Секој ден е различен. Може да биде и напорен и релаксиран. И стресен и едноставен.

ПОГЛЕД: Колку е тешко да се дијагностицира болест кај животно?

Постојат различни болести кој што се често среќавани. И по лесно се дијагностицираат. Но некогаш е потребно и посериозни испитувања. Крвна слика, Био хемија, тестови за заразни паразитни болести, рентген ехо.

ПОГЛЕД: Кои се најсериозните операции кои што сте ги извеле?

– Искуството и во други држави од ЕУ ми дозволија да напредувам во областа на хирургијата. Имам правено безброј операции во сите области. Отстрануванње на тумори. Стерилизации кастрации. Торзио на стомак, отстранување на туѓи тела.

ПОГЛЕД: На што сте посебно горд како ветеринарен доктор, кои сте тие моменти кога Вие се чувствувате среќен што сте во оваа професија?

– Горд сум кога интервенцијата или операцијата има позитивен резултат а пациентите се живи и здрави!

поврзани објави

Последни објави