Познатиот македонски јутјубер Мандар кој стрима редовно на својот јутјуб канал објави видео со наслов „Го враќаме братот од Будимпешта“, со што предизвика реакција кај неговите следбеници кои активно го следат.
Станува збор за стримање на игра во која Мандар управува авион.
– Идеме со приватен џет до Будимпешта, го зимаме братот и се враќаме, вели Мандар на почетокот од стримот.
Сепак, мораме да признаеме дека Мандар со овој наслов успеа да го привлече вниманието на следбениците бидејќи знаеме дека токму во Будимпешта имаме човек кој што одамна не бил во Македонија, а за кој веројатно многу луѓе сакаат или не сакаат повторно да го видат во Македонија.