20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Бездомниците студот ќе го поминат во прифатни центри

Министерството за труд и социјална политика, заедно со центрите за социјална работа и општинските организации на Црвениот Крст ќе ги идентификуваат сите бездомни и лица во ризик и ќе ги сместува во двата прифатни центри во Момин Потик и Чичино Село. Оние семејства кои имаат деца помали од три години ќе се сместуваат во „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“.

„По препораки на Управувачкиот комитет за кризи МТСП доби одредени задолженија и заедно со центрите за социјална работа договоривме чекори во насока на преземање мерки поради најавеното невреме и очекуваните ниски температури во Македонија. Министерството, Црвениот Крст, локалните самоуправи и месните заедници ќе направат идентификувања на лицата во ризик, и иако има одредени информации и бројки, тие ќе се проверат уште еднаш за да може на тие лица да им се помогне во период кога се очекува невремето“, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими по денешната средба.

поврзани објави

Последни објави