Пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ упати повик до сограѓаните за потпис за кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова:
Почитувани драги пријатели, македонски народе,
Денеска на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја избравме дамата, ЖЕНАТА, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова за кандидат за Претседател на нашата татковина Република Македонија!
Како Ваш претставник во законодавниот дом на Македонија, упатувам ПОВИК до Вас, граѓаните, без разлика на вашата етничка, верска, политичка припадност да застанете зад доброто, да застанете зад луѓето кои ја сакаат оваа татковина, да застанете зад ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска Давкова.
Не постои друга опција која може да донесе подобро утре за сите граѓани на Македонија.
Затоа, за да покажеме единство и сплотеност, обединетост и храброст, да покажеме љубов и достоинственост и веќе утре наутро да се потпишеме сите за поддршка на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Република Македонија.
За моите сограѓани од Гази Баба (барака број 1 – канцеларија на ДИК)
ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!








