17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

ФОТО: Гужви пред подрачните единици на ДИК за потпис за Силјановска Давкова

Голем број граѓани и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска го даваат својот потпис за кандидатура на Гордана Силјановска Давкова за претседател на државата.

Откако вчера партијата на конвенција ја потврди нејзината кандидатура, денеска пред подрачните едините на Државната изборна комисија може да се видат гужви од луѓе кои доаѓаат да го дадат својот потпис.

444 делегати на ВМРО-ДПМНЕ вчера гласаа за нејзината кандидатура.

-Резултатот ме остави без зборови. Не очекував олку голем резултат, навистина многу ми значи довербата, од срце ви благодарам. Одговорно тврдам дека ниту еден труд, ниту членство во разни организации не ми значело толку колку можноста што ми ја дадовте вие, и тогаш и сега, да си го запознам народот. Тоа е неверојатно инспиративно, истакна вчера Силјанова-Давкова.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави