Пендаровски и Силјановска-Давкова за неколку часа ги собраа потписите за нивните кандидатури за шеф на државата, пренесе 360 степени.
Дел од медиумите, повикувајќи се на информации од ВМРО-ДПМНЕ, објавија дека Силјановска-Давкова до 12 часот успеала да собере 15 000 граѓански потписи за поддршка на нејзината кандидатура
Денеска попладне во 18 часот е закажан почетокот на конгресот на СДСМ на кој треба да биде официјализирана поддршката на партијата за кандидатурата на Пендаровски
Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски попладнево соопшти дека за неполни пет часа ги собрал потребните 10 000 граѓански потписи за неговата кандидатура за втор на претседателски мандат. За кратко време денеска потребниот број потписи го собрала и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова.
Актулениот шеф на државата Стево Пендаровски / Фото: Принтскрин
Пендаровски за собраните потписи информираше преку објава на неговиот фејсбук-профил, како и преку соопштението од неговиот кабинет. Тој се заблагодари на поддршката од граѓаните и најавуви дека собирањето потписи ќе продолжи и во наредните денови.
„Во рекордно време, за неполни пет часа собрани се 10.000 граѓански потписи за поддршка на мојата кандидатурата за втор мандат. Ви благодарам на сите граѓани кои ја дадовте вашата поддршка. Продолжуваме со собирањето на потписи и во наредните часови и денови“,
напиша Пендаровски на Фејбук.