9.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

СКОПЈАНКА СО ИЗМАМА ЗЕЛА 5.000 ЕВРА БРЗИ КРЕДИТИ 45-годишна жена за кривичното дело искористила туѓи податоци

Четириесетипет годишна жена од Скопје доби кривична пријава од СВР Охрид поради бидејќи ги искористила податоците на три лица за да земе брзи кредити.

Како што информираат од полицијата скопјанката во Струга отворила две фирми и склучила договори за работа со оштетените, по што ги злоупотребила нивните податоци за свои цели.

СВР Охрид соопшти дека жената се терети за неколку сторени кривични дела, како што се „измама“, „ злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

– Во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување по што, со намера да прибави противправна имотна корист, доведувајќи ги оштетените во заблуда, ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин, пријавената се стекнала со бесправна имотна корист од 319.706 денари – информира портпаролот Стефан Димоски.

поврзани објави

Последни објави