23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Бојмацалиев: Личното залагање на Спасовски овозможи голем број студенти да станат дел од системот на безбедноста на државата

Денеска остварив работна посета на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, а домаќин беше деканот на факултетот проф. д-р Никола Дујовски заедно со продеканите.

Изминативе години преку лично залагање на претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и раководството на МВР голем број студенти преку различни програми станаа дел од системот на безбедноста на државата продолжувајќи ја професионалната кариера во Министерството и другите безбедносни агенции.

МВР е институцијата која се грижи за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата. За да ги реализираме основните стратешки цели потребни се најдобрите кадри од областа на безбедноста со висок интегритет, впрочем какви што креира Факултетот за безбедност, нашата најстара и најреномирана високообразовна институција од областа на безбедноста. Продолжуваме и во иднина со оваа соработка и преку вакви иницијативи ќе го користиме знаењето на науката и академијата во креирањето на идните безбедносни политики и планови.

поврзани објави

Последни објави