Кандидатот за претседател на Македонија од редовите на ДУИ Бујар Османи вели дека цел свет ја има бугарската верзија на историјата и дека ние во нашата земја живееме во стаклено ѕвоно.
– Ние живееме во стаклено ѕвоно, читајќи ги само нашите книги и со нашиот поглед кон историјата. Светот во овој момент ја има бугарската верзија на историјата. За прв пат денеска во светската историографија се признава дека Цар Самуил освен што е бугарски цар, дека има податоци и дека е и македонски односно во новото Царство, рече Османи во поткастот на Плусинфо.