20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

ДАЛИ ИМА ПРОПУСТИ ВО ИСТРАГИТЕ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ? Еве што објави МВР по направената внатрешна контрола!

Министерството за внатрешни работи донесе одлука дека не постојат основи за покренување дисиплинска постапка по спроведените проверки во секторите за внатрешни работи Скопје и Велес, поврзани со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) при МВР, на барање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, a во врска со истрагата за двојното убиство на П.Ж. и В.Ѓ., изврши проверки во СВР Скопје и СВР Велес“, се вели во соопштението од МВР.

Оттаму ја информираат јавноста, со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување.

поврзани објави

Последни објави