Пратеничката на СДСМ од Штип, Емилија Рамбабова, преку социјалните мрежи ја сподели убавата вест за сите кои се директно и индиректно поврзани со високото образование односно државните универзитети.
Рамбабова објави дека едногласно е изгласан Предлог законот за дополнување на Законот за високото образование.
Со оваа измена се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите за сите и ќе се надмине нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети: „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“, како и во Универзитетот „Мајка Тереза“.