6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Малер низ цела кариера: Tомаш Росицки опериран, ја заврши сезоната

Играчот за врска на Спарта Томаш Росицки се оперираше и нема да игра до крајот на сезоната, соопштуваат од клубот од Прага.

Спарта наведе дека операцијата на ахиловата тетива поминала без никакви компликации, како и дека поранешниот капитен на Чешка ќе се врати на терените следната сезона.

Росицки  во август минатата година се врати во Спарта Прага после десет години поминати во Арсенал. Тој тогаш потпиша договор на две години, но уште од  почетокот на сезоната  се мачеше со повреди и одигра само 19 минути. Овој малер го следеше долги години и во Арсенал во тој десетгодишен престој во кој одигра 170 натпревари и постигна 20 голови.

Некој го поставуваат и прашањето нели му доста од фудбалот и како досега не се откажа после бројните повреди но тој изјави дека не е спремен да се предаде.

„ Така е тоа во животот. Ако имате надеж, морате да се борите, Ќе се обидам уште еднаш“, вели 36- гдоишниот Росицки.

поврзани објави

Последни објави