8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

АНКЕТА: Силјановска Давкова со добра предност пред Пендаровски

Според анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината”, најголем број на испитаници се изјасниле дека на претстојните претседателски и парламентарни избори, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и за Гордана Силјановска-Давкова.

На прашање „За која политичка партија или коалиција би гласале на парламентарните избори на 8 мај?“:

– За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 20 %, за СДСМ 12,2 %, за ДУИ 5,9 %, а за Коалицијата „ВРЕДИ“ 6,9 % од испитаниците, додека поддршка за Левица дале 2,8 %.

На прашањето „За кој од претседателските кандидати би гласале на претседателските избори на 24 април?“:

– За Гордана Силјановска-Давкова се изјасниле 18,2 %, додека за Стево Пендаровски поддршка дале 15 % од испитаниците. Арбен Таравари собрал 7,3 % доверба, а за Бујар Османи се изјасниле 4,9 %. Максим Димитриевски добил 2,6 % доверба, а Билјана Ванковска 2,2 %.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 7 март 2024 година, со 1.085 испитаници избрани според случаен метод.

поврзани објави

Последни објави