20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Луѓето изненадени како изгледа стан во Јапонија чиј месечен наем изнесува 275 евра: Неверојатно (ВИДЕО)

На Тикток се прошири видео од стан во Токио чија месечна кирија е 275 евра. Многумина, велат, биле изненадени од цената на закупнината со оглед на денешните високи цени на становите.

Станот има бања и тоалет, кујна, дневна и спална соба. ТикТокер кој го објави видеото на социјалната мрежа рече дека најблиската железничка станица е на само десет минути пешачење од станот.

Погледнете како изгледа станот.

@walksoflife11

Would you wanna stay there? #adayinthelife #apartmenttour #japan#japanlife

♬ original sound – Walksoflife11

Многумина во коментарите се согласија дека станот можеби не е луксузен, но дека има се што е потребно за живот и дека со задоволство би живееле во него. Тие дури и ја споредија цената за изнајмување со оние во САД.

„Ова би чинело 1800 долари (1650 евра) во Њујорк“, „Станот воопшто не е лош, во Њујорк истиот веројатно би чинел многу повеќе“, „Ова е уште поголем од мојот стан во Сан Диего, коj гo плаќам 2200 долари (2000 евра)“, се дел од коментарите.

Други пишуваа дека таквите станови често се нецелосно опремени, без фрижидери или кревети. Но, посочуваат дека не би им било проблем да го купат доколку плаќаат 275 евра кирија.

поврзани објави

Последни објави