Видеото од обидот за кражба на телевизор од страна на тројца Бразилци стана вирално, а има и зошто. Не, не е филмски грабеж, туку толку трапав и несмасен обид што крадците останале со кратки ракави (ако не се брои затворската казна што ќе им се изрече), а успеале дури и да се повредат.
Целта била да се докопаат до огромен телевизор во еден бар, но тоа очигледно било претешка задача за нив.
Првиот крадец кој упаднал во локалот сериозно се намачил дури и да го извади телевизорот од ѕидот, вториот се удрил во стакло обидувајќи се да влезе во објектот, а третиот успеал да падне… Работата да биде полоша за нив, останале без главниот плен.
Впрочем, погледнете го видеото и се ќе ви стане јасно: