8.8 C
Skopje
Friday, February 14, 2025

Бојмацалиев: Имаме намалување на илегалната миграција за 50% за што најголема заслуга имаат полициските службеници и раководството на РЦ Југ

Денеска во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија присуствував на Координативниот состанок во организација на раководството на Регионалниот центар ,„Југ“ со претставници од сите релевантни државни институции, меѓународни организации и невладини организации-присутни чинители во Привремениот транзитен центар како дел од националната компонента во справувањето со мешаните миграциски движења. Целта на состанокот беше последниот позитивен извештај на Народниот Правобранител како резултат на меѓусебното координирано и хармонизирано постапување на овие институции со илегалните мигранти во кампот Винојуг Гевгелија.

За одбележување е Договорот помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража, кој го потпишаа поранешниот министер Спасовски заедно со почитуваната еврокомесарка Јохансон.

Според официјалната статистика на МВР, ако во 2023 година беа спречени 13.954 обиди за влез на илегални мигранти на ниво на сите Регионални центри, само на ниво на Регионалниот центар Југ таа бројка изнесуваше 12.265 спречени обиди за влез на илегални мигрант. За период од два месеци во 2024 година на ниво на МВР таа бројка изнесува 1596 спречени обиди за влез, само на РЦ Југ беа спречени 1057 обиди за влез на илегални мигранти. Компаративно на ова во 2022 година на ниво на МВР беа спречени 27.394 илегални обиди за влез , а само на ниво на РЦ Југ таа бројка изнесуваше 23.451. Во делот на баратели на азил во 2023 година на ниво на МВР таа бројка изнесуваше 604 лица а во Прифатниот центар Винојуг имавме 202 лица, во истиот период првите два месеци од 2024 година на ниво на МВР изнесува 36 лица а во Прифатниот центар Винојуг имаме 24 лица

Овие бројки покажуваат намалување на илегалната миграција за 50% за што најголема заслуга имаат полициските службеници и раководството на РЦ Југ и во оваа прилика им упатувам честитки за постигнатите резултати, за трудот, посветеноста, а пред се професионалноста и хуманоста.

поврзани објави

Последни објави