14.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Власта во следниот мандат ветува 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

Просечната плата во Македонија достигна рекордни 40.000 денари или 650 евра. Ова е историски највисоко ниво на покачување плати во земјава. Ако погледнеме само неколку години наназад, просечната плата изнесуваше само 360 евра во 2017 година, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека „покрај големиот раст на просечната плата, и минималната плата достигна нов рекорд – од месец март веќе изнесува 22.500 денари. Тоа значи 180% зголемување споредбено со времето кога платата беше само 8.050 денари“.

„Ветувањето кое го даде поранешниот премиер Зоран Заев уште во кампањата 2016 година дека просечната плата во земјава ќе биде над 500 евра е одамна исполнето, а просечната плата оваа година се искачи на историски највисоко ниво и сега изнесува 40.000 денари (650 евра)“ е партискиот став.

Сега, од СДСМ повторно ветуваат дека платите ќе растат уште повеќе. Велат дека во следниот мандат, доколку ја добијат довербата на граѓаните, ќе дојдеме до над 1.000 евра (61.000 денари) просечна плата и минимална плата од 600 евра (околу 37.000 денари).

Велат дека со правилни политики ова е достижно.

Пред само неколку години минималната плата изнесуваше само 8.050 денари, а околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум, соопштуваат од владејачката партија.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави