6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ердоган: Ќе има референдум за преговорите за членство во ЕУ – народот ќе одлучи!

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција, по уставниот референдум, би можела да организира уште еден референдум на кој би се одлучувало дали земјата треба да ги продолжи разговорите за членство во ЕУ.

„Ќе одржиме референдум на 16 април, а потоа би можеле да имаме референдум за преговорите за членство во ЕУ. Ние ќе се придржуваме кон она што ќе го одлучи народот.

Турција чека пред вратите на ЕУ веќе 54 години. Што ќе се случи доколку Турците на референдумот на 16 април гласаат за уставни промени? Тогаш тие нема да не примат. Кога би донеле таква одлука, барем ќе ни ја олеснат работата. Ќе ги ставиме преговорите на маса, бидејќи Турција не е ничие жртвено јагне“, порача турскиот претседател.

поврзани објави

Последни објави