16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

САД по изборите очекува Влада посветена на ЕУ. Арсовски: Тврдиот став на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, ќе направи тешко да најде коалициски партнер

Соединетите Американски Држави очекуваат по изборите во Северна Македонија да се формира Влада посветена на европската интеграција на земјата.

Од друга страна, имаме два политички блока во земјава кои учествуваат на изборите на 8 мај, од една страна е опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која продолжува да се спротивставува на одобрувањето на уставните измени кои се „виза“ за натамошен напредок на земјата кон ЕУ и блокот на проевропските партии на власт, коалицијата на традиционалните партнери на СДСМ, ДУИ и албанските опозициски партии во рамките на коалицијата ВЛЕН (Вреди), кои се изјаснија дека учеството во идната Влада ќе го условат со уставни измени.

Петар Арсовски
Политичкиот аналитичар и публицист Петар Арсовски во изјава за „Фронтлајн“ вели дека во основа е точна констатацијата дека тврдиот став на ВМРО ДПМНЕ по прашање на уставните измени, нешто што е приоритет за меѓународната заедница, но и за голем дел од партиите на Албанците во државата, ќе направи тешко да најде коалициски партнер, односно ќе го искомплицира процесот на формирање Влада.

Сепак, тој е на мислење дека тоа ќе биде пресудно, односно ќе го спречи ВМРО-ДПМНЕ да формира влада доколку ги добие изборите.

– Прво, тој став нема да биде кончен кога ќе се формира владата. ВМРО-ДПМНЕ нема да каже никогаш дека нема да ги прифати уставните измени, туку ќе најавува дека ќе добие подобри услови, ќе најави дека е за европски интеграции итн., така што партиите на Албанците кога ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ нема да добијат конечно НЕ од нивна страна. Второ, кај партиите на Албанците можноста да се влезе во влада, сметам дека ќе биде поважна од уставни измени веднаш, имајќи предвид дека уште ќе се надеваа дека уставните измени се возможни во текот на владењето, констатира Арсовски.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави