8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Манолева: ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР КАКО ТРЕБА ДА РАБОТИ ЕДНА ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР КАКО ТРЕБА ДА РАБОТИ ЕДНА ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

Изминатите пет години во велешката болница се инвестираше во нова опрема и кадар, како и во подобрување на инфраструктурата. За овие неколку години, се набавија фибер ендоскоп, апарат за анестезија, рендген апарат, видео колоноскоп, ултразвучен колор доплер апарат за кардиолошки прегледи, како и ултразвучен ехо апарат, колор доплер апарат за гинекологија и обстетриција. Исто така, установата се зајакна и со санитетско возило Фолксваген, респиратор, телескоп, уретро-реноскоп, батериски борер за одделот по урологија.

Покрај обезбедувањето на опрема, основан е Кабинет за дојка, а кабинетот за компјутерска томографија започна со континуирана работа, каде што пуштени се максимален број на прегледи со 24 часовна покриеност од докторите во Скопје.

поврзани објави

Последни објави