16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Разликата меѓу Силјановска и Пендаровски се зголемува- од 8,7% во февруари на 10,2% во март

Во синоќешната емисија Објектив на МРТ беа презентирани резултатите од анкетата спроведена од ИПИС во месец март, собрани на ниво на цела Македонија.

На прашањето „ за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ 24,6% од анкетираните кажале дека ќе гласаат за професорката Гордана Силјаноска Давкова, а 14,4% се изјасниле за актуелниот претседател Стево Пендаровски. По нив следат Бујар Османи со 7% поддршка, Таравари со 5,7%, Билјана Ванковска со 3,5% итн.

Споредено со месец февруари зголемување на потенцијалните гласачи има и кај Силјановска и кај Пендаровски, но сепак растот е поголем кај кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Имено во февруари за Силјановска се изјасниле 20,2%, што значи дека за еден месец нејзината поддршка пораснала за 4,4% , за разлика од Пендаровски кој во февруари имал 11,5% и поддршката ја зголемил за 2,9% во март.
Разликата помеѓу водечките кандидати за претстојните избори расте во корист на Силјаноска Давкова. Во месец февруари разликата помеѓу нив била 8,7%, а во март таа се зголемила на 10,2%.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави