37.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

Пожарникари стојат зад падот на кучето од зграда во Тетово

За кучето кое падна од балкон од зграда во Тетово и угина, со реакција се јавија и од Анима Мунди. Обвинуваат дека за неговиот пад се виновни пожарникари.

-Безумие и суровост која не знае за граница – во Тетово, бездомно куче фрлено од седми кат од зграда. Среде бел ден, на очи на граѓани, комшии и минувачи кои масовно ни пријавуваат и се во шок. Во зграда во изградба во која залутало несреќно бездомно куче, инвеститорот со помош на пожарникари, со стап и покрај сетто плачење на бездомното животно, го присилиле да рипне од 7 кат, зошто немало како и каде да избега. Видете го кучето, слушнете го плачењето негово на ова видео – умира во страотни маки по 20 минути агонија на крвавиот асфалт. Локацијата е карши пицерија Јани во Тетово“, објавија од здружението.

поврзани објави

Последни објави