32.8 C
Skopje
Tuesday, July 16, 2024

Тошковски најави зголемено полициско присуство во Тетово и во Гостивар за време на изборите

Тошковски најави зголемено полициско присуство во Тетово и во Гостивар за време на изборите

Министерот додава дека во меѓувреме се сретнал со началникот на СВР Тетово и од него побарал постапување по законот и максимална фокусираност. Вели дека добил гаранција оти СВР Тетово нема да се злоупотребува во изборите, но додава дека ќе бидат преземени дополнителни мерки за гаранција на фер изборен процес
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави зголемено полициско присуство во Тетово и во Гостивар за време на одржувањето на изборите. Тој ова го кажа говорејќи за владината одлука со која не му беше дозволено да го смени началникот во СВР Тетово.

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада
„Принципиелен став на министер за внатрешни работи е да побара сите сектори да бидат гарант за фер и демократски избори. Јас не го побарав само СВР Тетово, ги побарав и СВР Охрид, Битола Велес, Куманово и сите останати. Прашањето е зошто Владата донесе таква одлука само СВР Тетово да не биде дел од овој процес на фер и демократски избори. Зошто Владата одлучи да го крши Законот за влада, а притоа не даде никакво правно образложение“,

рече, меѓу другото, министерот за внатрешни работи во интервјуто за РСЕ.
Според Тошковски, во ситуација кога Владата нема да дозволи конкретна промена на началник од негова страна, и поставување дополнителен началник од страна на дополнителниот заменик-министер, тогаш, како што вели, не може да не постои сомнеж дека во најмала рака станува збор за некоја сомнителна работа.

„Зошто имаше потреба на месец до месец и половина пред моето назначување овде да биде ставен началник на СВР Тетово кој бил на повисока работна позиција и доаѓа од БЈБ и да е назначен токму за началник на СВР Тетово? Притоа на овој прв чекор да следува втор каде што Владата ќе го крши законот и да не го смени“,додава Тошковски.

Министерот додава дека во меѓувреме се сретнал со началникот на СВР Тетово и од него побарал постапување по законот и максимална фокусираност. Вели дека добил гаранција оти СВР Тетово нема да се злоупотребува во изборите, но додава дека ќе бидат преземени дополнителни мерки за гаранција на фер изборен процес.

„Моите механизми се, во рамки на одредбите од законот, кои се насочени кон овозможување на соодветни предуслови, да сториме сè што можеме за да имаме фер и демократски избори. Максимално да го засилиме тој дел таму со полициски службеници, да побараме поддршка од нашите меѓународни партнери. ОБСЕ/ОДИХР изразија огромна загриженост за овој факт, тој дел ќе биде засилено покриен и со набљудувачи од нивна страна“, вели Тошковски.

поврзани објави

Последни објави