32.8 C
Skopje
Tuesday, July 16, 2024

Мицкоски најави укинување на тарифата за пристап на мрежа од сметките за струја

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на промоцијата на програмата Платформа# 1198 за претстојните парламентарни избори, закажани за мај годинава најави укинување на тарифата за пристап на мрежа која граѓаните ја плаќаат во сметките за електрична енергија.

„Има една такса која од оваа година РКЕ почна да ја наплаќа а тоа е пристапот на мрежа, тоа е како да наплаќа некој пристап на тротоар, пристап на улица, пат. Тие одлучиле да наплатат пристап на мрежа за да обезбедат повеќе пари а да не кажат дека ја поскапеле цената за граѓаните. Ние тоа ќе го укинеме, сепак 200 денари можеби не значи многу месечно но кога тоа ќе се мултиплицира е доволна заштеда за семејниот буџет“, кажа Мицкоски.

Мицкоски најави модернизација на РЕК БИТОЛА – стожар на македонскиот електроенергетски систем.

„Ако оваа Влада на СДСМ и ДУИ има намера и тоа го кажа неколку пати јавно да го затвори РЕК Битола и на тој начин да практично неколку илјади битолчани, семејства кои директно градат егзистенција за своите семејства во овој рударско енергетски комбинат да останат на улица, а неколку десетици илјади кои се дел од компаниите кои соработуваат со овој комбинат исто така да трпат сериозен удар и биде под знак прашалник нивното работно место и нивната егзистенција. Тие вела дека ќе го затворат и го ставаат на знак прашање дали тоа ќе функционира и продолжи да работи во иднина. Ние тука немаме дилема, да за енергетската трансформација, да за зелената агенда, но ние ќе го следиме примерот на највисоко развиените европски држави со многу посложени системи од нас и кога тие целосно ќе го трансформираат својот производствен енергетски систем на зелена енергија, ние веднаш следната година ќе се адаптираме“, рече Мицкоски.

Тој најави ветерни паркови во Богданци, Миравци и Планински Масив Илинска, Плакенска и Бигла.

„Како АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ Ќе бараме приватен партнер со кој ќе ги развиваме овие ветерни паркови и на тој начин ќе го зголемуваме производното портфолио на електрична енергија од обновливи избори на енергија“, истакна Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави