3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

ВМРО-ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО: РЕКОНСТРУИРАНИОТ” ПАТЕН ПРАВЕЦ КОН СЕЛО РАЗЛОВЦИ Е ВО ЗАГРИЖУВАЧКА СОСТОЈБА!

СИТУАЦИЈАТА ОД ТЕРЕН СЕРИОЗНО УКАЖУВА НА ТОА ДЕКА “РЕКОНСТРУИРАНИОТ” ПАТЕН ПРАВЕЦ КОН СЕЛО РАЗЛОВЦИ Е ВО ЗАГРИЖУВАЧКА СОСТОЈБА!

Незнаењето, импровизациите, аматеризмот и недомаќинското и штетно трошење на јавните буџетски пари кои се сопственост на сите граѓани на Република Македонија под команда на политичари во функција за остварување на некакви политички поени е ГЛАВНАТА ОДЛИКА НА ПОВЕЌЕТО ФУНКЦИОНЕРИ ОД СДСМ ДЕЛЧЕВО!

Многу често во изминатиот период јавноста можеше да види како градоначалникот Трајковски и неговите директори за ситни политички поени координираат и учествуваат во изведба на инфраструктурни објекти. Со нивното присуство на лице место може да се забележат како остваруваат комуникација со лица вработени од страна на изведувачот се со цел да се прикажат како одговорни политичари за да се допаднат на народот, а во суштина не ретко предизвикуваат штета со таквата своја активност.

Што е уште пострашно најчесто ваквите посети на “позер-политичари” како Трајковски и неговата банда,
се случува без присуство на надзорен орган или главен и одговорен менаџер за проектот од страна на изведувачот, што задира и во законски ингеренции и сериозно може да се отслика на квалитетот на изведба на инфраструктурните проекти.

Сега кога на јавноста во Делчево и е повеќе од јасна фушерајската изведба на патниот правец кон село Разловци, за што сведочи и видео материјалот од мојата објава, сакам јавно да ги прашам веќе споменатите само едно прашање:

🫵 Дали чуствувате одговорност за потрошените 50 милиони денари народни пари од кои граѓаните добиле повторно небезбедна сообраќајница која екстензивно продолжува да се распаѓа под налетот на теренските и временските услови или тендерските провизии ви се повеќе од “слатки”?!

Овој пример за вашето “работење” е радикален показател што се случува кога непознавањето на дадени политичари длабоко меша прсти во строго технички работи, што како пракса во иднина мора да биде надминато!

За да имаме трајни и квалитетни проекти потребно е вистински експерти да се занимаваат со оваа високостручна проблематика не само во патната инфраструктура туку во секој друг вид на јавна инфраструктура затоа што треошењето на народните пари треба да биде под строго дефинирани правила, закони и одговорности.
Ова е и мора да биде приоритет за идната ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ.

ЗАТОА, ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ!

поврзани објави

Последни објави