-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Тошковски за сопките кои ги има во МВР: Немаат грам памет во глава, но грешка се ако мислат дека сум дете, а не министер на МВР!

Не би можел да кажам дека имам чести кавги со Џафери, не одам често во Влада, таму одам кога има некои точки кои се директно поврзани со работата на МВР. Сопки има колку сакате. Еве прв ден доаѓате на работа, примопредавање има на функција, тоа беше недела вечер, седнувате пиете кафе, има културен разговор, ме прашува мојот претходник што сакаш да дознаеш околу работата. Прашувам околу пасошите, дали има обрасци. Ми вика да, се е океј, ќе стигнат. Во ред, завршува кафе муабетот, господинот си оди од министерство, јас останувам во истата канцеларија. Тогаш започнуваме со состаноци, добивам информација дека имаме проблем. Прашувам каков е проблемот, они ми велат оние 50.000 пасоши што требаше да стигнат не се нарачани. Им викам а бе не е можно, господинот ми кажа дека се е во ред. Обрасците не се тргнати од точка А каде што треба да тргнат. Излезе дека документацијата не била потпишана неколку дена. Среќа што дознавме навремено и случајно беше споделена информацијата со мене и мојот тим за да можеме да завршиме работа.

Со овие зборови министерот на МВР Панче Тошковски во поткастот „Претрес“ на Прватв ги опишува своите први денови на работа во МВР.

– Јас кога велам дека немаат грам памет во главата, не го кажувам оти е смешно, туку оти е така. Не може министер на МВР да не биде информиран за она што го донеле како одлука од пред година дена, а го спроведуваат по три дена откако јас сум избран за министер во институцијата. Нека си го тераат тие нивното, а ние ќе си го работиме нашето. Но кога Владата не дозволува да назначам началник, нешто што треба да биде така, а не е дозволено, тогаш треба да се реагира и ќе се реагира.

поврзани објави

Последни објави