Македонија е на само една недела пред почетокот од изборната кампања за претседател на државата и на неполн месец од почетокот на кампањата претстојните парламентарни избори.
Партиите ги прават последните подготовки за настап на двојните избори, програмите се веќе подготвени, а дел од проектите граѓаните веќе може да ги слушнат.
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма за парламентарните избори најави 1198 проекти, а дел од нив беа презентирани во јавноста од потпретседателот на партијата и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски.
Повисоки пензии, учебник за најмладите, нов спортски објект во Гази Баба, рекордна инвестиција во спортот, реформи во судството, земјоделието, културата… Мисајловски најави и големи инвестиции во екологијата.
На прво место ни се граѓаните и мислам дека ќе имаме еден од најдобрите резултати во историјата. Сакам да покажеме дека заеднички можеме многу да направиме. Ќе имам многу средби со граѓани, јас сакам да сум со народот, кажа Мисајловски во гостувањето во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа
СДСМ и ДУИ направија мизерија во општеството, направија небезбедност, црнила. Тие и на овие избори лажат, како што правеле претходно. Ние кога ветуваме исполнуваме, ние велиме 5.000 денари за пензионерите и тие ќе ги имаат на сметка во првата година од владата на ВМРО-ДПМНЕ, за учениците ќе има книги и слично. За младите, пак, ќе ја возобновиме и подобриме мерката Купи куќа за да можат младите да дојдат полесно до свој дом.
Дополнително, за секоја жена без разлика на имотната состојба или бројот на деца што ги има родено доколку сака ќе добие до 6 бесплатни ИН ВИТРО. Ќе има пари за нови фасади на куќите и зградите. Ќе биде завршен и автопатот Кичево-Охрид, ние го почнавме ние ќе го завршиме, посочи тој.