8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

И во кампањата ли најмногу ќе објаснуваат: Уставот мора да се смени?

Полека се заокружува четиригодишниот мандат во кои владееа СДСМ и ДУИ. Многу работи останаа недовршени, а силно беа најавени. Многу работи од страна на нивните министри беа дообјаснувани, барани, повторувани, пишува Скопско Ехо.

Една од најповторуваните работи беше – уставот мора брзо да се смени.

Цело време се верглаше дека промената мора да се направи оти така барал Брисел, дека со тоа ќе се фатела кваката од влезната порта во ЕУ, дека…

Еве и сега во предкампањата се повторува истото. Дури потпретседателка СДСМ и носителка на листа порачува:

-Уставни измени па Влада. Тоа е пред се обврска на секоја политичка партија да и мисли добро на државата, истакна Сања Лукаревска.

Лоцирано ли е што друго треба да се направи за да и биде добро на државата? Ќе има за тоа малку повеќе во кампањата?

Лани што и да ги прашаш министрите, премиерот, претседателот на државата – за инфлацијата, за иселување на младите, за патот Кичево – Охрид… тие наоѓаа место во одговорот и за реченицата: „Уставот мора да се смени“.

Вицепремиерот Маричиќ толку беше упорен што дури и кога даде отшет за сработеното кажа:

– Ни останува и завршувањето уште една клучна обврска, а тоа се уставните измени, истакна тој.

Дали и сега во кампањата ќе продолжат во исто темпо? Што со приоритетите и реалните потреби кои ги имаат македонските граѓани?

Извор СКОПСКО ЕХО – линкот ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави