8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

СЕ ПОЈАВИ НОВА ТРАГА: Вучиќ со нови детали за малата Данка

Српскиот претседател Вучиќ утринава кратко истакна „Се појави нова трага.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која од вторникот се води за исчезната во Бањско поле кај Бор, влезе во шестиот ден. Српската полиција пребарува дел од Брестовачка река, а хеликоптери го надлетале поширокото подрачје на местото каде што исчезнало девојчето.

Специјални екипи ја пребарале околината на куќата, тунелот, подземните канали и шахти, шумите и не пронашле траги од тоа дека Данка е таму.

Министерството за внатрешни работи на Србија продолжува со оперативната работа.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Батајница ја коментираше работата на полицијата во случајот со исчезнатата Данка Илиќ, зборувајќи за нова трага која се појавила синоќа. „Сакам да и се заблагодарам на полицијата која работи дење и ноќе. Кога се појави нова трага во три и пол, како и синоќа, ме известија. До пет и пол сите се на своето место. Секоја чест за нивната посветеност. колку луѓе се борат за прекрасен живот.Секој ден.Се надевам дека ќе успеат да го решат и тој случај“, изјави Вучиќ.

Од утрово дел од српските медиуми почнаа да објавуваат дека исчезнатата Данка била видена во придружба на две Романки во Виена. Тие пишуваат дека полицијата синоќа стапила во контакт со нивните австриски колеги и му ги испратила на Европол сите информации и снимката.

поврзани објави

Последни објави