33.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

Спасовски: Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, досега ги зголемивме платите за 35% и платите во безбедносниот сектор мора да продолжат да растат

Имаме победничка програма за европска, стабилна, сигурна и безбедна Македонија

Свесни сме за успехот и имаме план да го продолжиме. И од тоа не се откажуваме!

СДСМ има бескомпромисна политичка волја, со нула толеранција за корупција и силна борба против секаков вид криминал.

Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, досега ги зголемивме платите за 35% и платите во безбедносниот сектор мора да продолжат да растат – за подобар материјален и социјален статус и повисок животен стандард на вработените. Императив за нас е унапредување на статусот на вработените, на работните услови, на воведување на нови полициски обуки, дигитализација и модернизација на процесите и опремата.

Досега се реконструирани 82 полициски станици низ државата, а со нови хеликоптери повторно ќе се испише историја на опременост на воздухопловните единици.

По примерот на ЕУ, со конфискација на имот ќе се прати порака дека криминалот не е исплатлив.

За успех во сето ова клучни се реформите и во правосудниот систем. Реформата на судството мора да ги опфати сите препораки на Мисијата на ЕУ во нашата држава. Не се откажуваме од врвна безбедност и развиена економија, не се откажуваме од европски живот за младите тука дома.

Една опција имаме на овие избори – тоа е европската – нема откажување од иднината!

поврзани објави

         

Последни објави