15.8 C
Skopje
Tuesday, April 29, 2025

Пукање во Арачиново, возачот на градоначалникот пренесен во болница

Вооружена престелка во Арачиново. Попладнево, пукано е со автоматско оружје кон автомобилот на градоначалникот на општината. Според првичните информации во престрелката погоден e возачот и обезбедувач на градоначалникот и со прострелни рани е однесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од МВР се уште нема официјална информација за настанот.

Кон Арачиново се упатени и полициски единици за обезбедување на местото и вршење увид. Се очекува и официјална информација од МВР за инцидентот.

поврзани објави

     

Последни објави