14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тунтев: Од ова ДПМНЕ, ВМРО никогаш нема да биде – зошто вие не се откажете од бугарската или индиската платформа?

Пратеникот од редовите на СДСМ, Томислав Тунтев на говорницата од Собранието му најде забелешка на Трајко Вељановски, која беше прифатена од претседавачот на Собранието.

„Минатата година кога велев само ДПМНЕ, секогаш ме опоменувавте лично мене да кажам ВМРО-ДПМНЕ. Зошто сега не ги опомените пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кога изговараат СДС наместо СДСМ. Само едно да ви кажам, од ова ДПМНЕ, ВМРО никогаш нема да биде“, изјави Тунтев.

Потоа тој порача и дека нема никаква платформа, а сето тоа уште претходно во денот го потврди и Адеми.

„Нема платформа, нема никаква платформа. Адеми ви кажа, јас не знам зошто се држите до тоа. Има само изборна програма за новата влада. Тоа е како ние да бараме од ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од Бугарската платформа затоа што земате пасоши од таму, или од Грчката односно Индиската платформа на Субрата рој“, додаде Тунтев.

Оваа забелешка ја прифати Вељановски кој побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ правилно да го изговараат зборот на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави