16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Петрушевски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покачи пензиите по 5.000 денари

Во вечерашната емисија „ Само Вистина“ на Канал 5 гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој што истакна дека кога станува збор за минималната плата тоа треба да е базирано на економски раст и развој за да не биде терет на работодавачите и приватниот сектор а ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди по 5 000 денари за сите пензионери по формирањето на владата.

За да зборуваме за минимална плата мора најпрво да биде базирано на економски пресметки вака кога само нафрлуваат бројки ми звучи популистички. Второ никој не зборува но мора да се анализира инфламаторниот удар затоа што сведоци сме дека изминатиот период живееме во еден тежок инфламаторен период, цените се енормно зголемени и ако направиме само паралела, компаративно една обична споредба како било како е сега, ќе видиме дека имаме еден сериозен удар и врз цените а со тоа и врз економијата и конкурентноста на нашата економија“ кажа Петрушевски.

Петрушевски кажа дека Ковачевски во однос на зголемување на платите дава различни изјави и не е конзистентен во своите изјави и на Ковачевски не може да му се верува.

Немам ништо против, апсолутно сакам платите да бидат поголеми, но кога го слушам претседателот на СДСМ има три изјави каде што Ковачевски дава три различни изјави, едната изјава е дека ќе биде просечната плата 1000 евра па има потоа втора изјава 1 300 евра па сега трета изјава 1200 евра и навистина не може да му се фати редот“ кажа Петрушевски.

Петрушевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди линеарно зголемување од 5 000 денари за сите пензионери.

Покрај ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за 5 000 денари за пензионерите, е тоа што ваквата минимална плата доколку не е базирана на економски раст и развој ќе биде само декрет кој што ќе удри по работодавачите односно по приватниот сектор. Она што ние го нудиме е кратење на не продуктивните трошоци на државата кои што ги има многу и во рок од една година од формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме линеарно зголемување на пензиите од 5 000 денари на сите пензионери“ рече Петрушевски.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави