-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Конститутивната седница одложена за утре

Собранисата седница ќе продолжи утре со почеток во 11 часот, на барање на пратениците од СДСМ, кои порачаа што е можно побрзо да се премине на избор на нов собраниски претседател.

Претседавачот Трајко Вељановски порача дека утрешниот ден ќе донесе нешто ново во Парламентот, па не е исклучена можноста да се премине на четвртата точка која значи и избор за претседател на Комисијата.

Оливер Спасовски од СДСМ порача дека дебатата мора да се сведе на ниво на деловник, затоа што досега сите го злоупотребувале и мора да се стави крај на сето тоа, за конечно да се избере Комисија.

поврзани објави

Последни објави