12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Мицкоски: Ќе овозможиме младите да ги остварат своите соништа, достоинство за пензионерите, повисоки плати за работниците и поволна бизнис клима за фирмите

Порака до младите, не се откажувајте од Македонија, сметаме на вас, без вас и без вашата енергија нема промени. Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги остварите вашите соништа, тука да ја градите вашата иднина и среќа. Вклучете се во промните и дајте го вашиот глас. Одберете сила која може да го порази и промени системот во распаѓање. Верувајте во луѓето кои вистински можат да го подобрат вашиот живот и да донесат повеќе среќа за сите, кажа Христијан Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Скопје.

Потоа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, упати порака и до највозрасните, до пензионерите. Тој потенцира дека секогаш ќе се грижи за нив. Дека тие се притиснати со проблеми, и наместо на нивната возраст да ги минувате најубавите времиња и да уживаат во плодовите од нивната децениска работа, тие се принудени да протестираат за правата кои ги следуваат. Мицкоски вети покачување на пензиите за 5 илјади денари.

Потоа тој упати порака и до работниците, за кои рече дека знае дека инфлцијата им ги јаде платите, дека се незадоволни и бараат, но и заслужуваат повеќе, но и дека за тоа мора заедно да се избориме. За подобри услови за работа, повисоки плати, за почит и достоинство, тоа се работите за кој вети борба и посветеност.

До стопанствениците, поточно бизнисмените, од вас зависи дали 5 мина од ДУИ ќе ја водат државата и слугите од СДСМ ќе ги добиваат тендерите, или на правилен начин, согласно закон ќе се работи и вистинскиот квалитет ќе биде награден. Таа промена ја правите вие. Или ќе го одобрите рекетот на ДУИ и СДСМ или ќе се приклучите на бранот на промените и ќе не поддржите за конечно да има ред во бизнсот и се награди квалитетот, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави