15.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

За завршување на автопатот Кичево-Охрид има пари, тврди Бочварски

Има пари за завршување на автопатот Кичево – Охрид, не се побарани нови, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој додаде дека сега е важно да се направат техничките решенија за свлечиштата кои се појавија на делницата.

Собранието на 1. април на итна седница на предлог на Владата изгласа нов рок за завршување на автопатот, крајот на декември 2026 година. Претходниот рок за овој автопат беше до 31 декември 2023 година.

Во однос на реализацијата на автопатот Кичево-Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим кој работи од страна на надзорот и Фидик-експертите, беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија. Како што знаете, има сè уште средства кои се ставени на располагање за да бидат реализирани и токму поради тоа не се побараа нови за реализација на овој автопат. Средства има, важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од коридорот 8 – рече Бочварски.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави