14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мисајловски: Општините ќе добијат 250 милиони евра – време е за промени, да ја направиме Македонија повторно горда – доста беа скандали и афери!

-Денеска сме во Гази Баба, во Хиподром. Сакам пред се да му честитам на градоначалникот Бобан Стефковски за целата работа што ја прави овие години. Навистина ми е драго, како пратеник од Изборната единица 2 и заедно со другите пратеници да бидеме дел од вакви убави настани и убави проекти. Можев да слушнам дека не само што днеска започнува еден спортски комплекс, дека се направени преку 50 улици во Гази Баб, навистина секоја чест. Направени се и реконструирани повеќе од 20 игралишта за само две години. Замислете, сето тоа го прави Боби со својот Буџет, го прави со Буцетот од општината. Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ, во новата изборна кампања а ќе посветиме посебно внимание на општините и 250 милиони евра ќе распределиме на сите општини. Тоа значи дека многу средства ќе влезат во општина Гази Баба, затоа што општина Гази Баба е една од најважните општини во Македонија, а посебно во Скопје и мора да има повеќе и повеќе проекти тука, навистина честитки, рече Мисајловски.

Мисајловски меѓудругото уапати и повик до граѓаните, да се приклучат кон промените и да гласат за професорката Гордана Силјановска Давкова.

– Сакам да ги повикам сите граѓани да ни се придружат и во нашата кампања за претседателски избори, зошто се многу важни, сакм да ги повикам сите граѓани да бидат дел од промените, бидејќи со гласање за Гордана Силјановска Давкова започнуват промените. Доста беа црнила, доста беа афери и скандали. Време е за позитивни нешта, затоа ги повикувам граѓаните да бидат дел од промениете и Македонија повторно да ја направиме горда, истакна Мисајловски.

поврзани објави

Последни објави