24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

Мисајловски: Сплотени порачуваме дека време е за промени и повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова

Денес сме во Шуто Оризари да се видиме со нашите пријатели заедно со нашите коалициони партнери од нашата коалиција „Твоја Македонија“ кои што со години се со нас и постојано ни ја даваат поддршката насекаде, истакна денес Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2.

-Јас сум благодарен што имаме вакви коалициони партнери односно што ВМРО-ДПМНЕ има пријатели насекаде. Денеска имавме убави средби тука со жителите на Шуто Оризари каде што може да се види дека животот е навистина се потежок и потежок. Но од друга страна драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени, рече тој.

Мисајловски порача: „Сите сплотени заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова“.

-Сите тука и од Шуто Оризари повикуваме дека време е за промени дека Македонија треба да биде повторно горда и на секој еден човек да му се помага, независно каде се наоѓа, дали е Македонец, Ром или нешто друго. Важно е сите сме луѓе сите да си помагаме еден на друг но за ова да се случи ни треба голема масовна мобилизација и поддршка од сите граѓани, за да го направиме ова сите на 24-ти треба да гласаме за Гордана Силјановска Давкова и потоа на 8 мај за да ставиме печат, рече Мисајловски.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави